Нова управа, нов тренер и нови фудбалери во ФК Тиквеш
23-01-2018 СПОРТ

 

Кавадаречкиот второлигаш изминатиов викенд стартуваше со подготовките за пролетниот дел од сезоната. Фудбалерите на Тиквеш подготовките ги почнаа со нов тренер. Дарко Крстевски кариерата ја продолжи во Либија а на негово место новата управа го ангажираше провереното кавадаречко име Методи Сапунџиев кој ке се обиде во втората полусезона да избори опстанок во второлигашкото друштво.

 

Есенскиот дел Тиквеш го заврши со 7 победи односно 21 бод,  но според одредени информации одземени му се 4 бода поради погрешна измена на натпреварот со Кожув и заради тоа што младинската екипа не одигра неколку  средби. Па така сега Тиквеш доколку сево ова е вистинито пролетниот дел ке го стартува со 17 бода.

 

Значи промени има во раководниот тим – нов претседател нов спортски директор нов тренер а има промени и во играчкиот кадар. Со оние кои ги бранеа боите на Тиквеш во есенскиот дел подготовките гио стартуваа и пет нови имиња односно засилувања за пролетниот дел од сезоната на ВМФМ – Исток. 

 

Нови имиња во играчкиот ростер се браќата Сашо и Слободан Дукови, потоа Дарко Додев, Јане Стојанов и Стојан Петковски. Досега тимот го напуштија Стојанче Дунимаглоски, кој ѝ сепридружи на прилепска Победа и напаѓачот Благојче Марковски кој замина во Пелистер.

 

Ако се погледне составот на екипи кои настапуваат во ВМФЛ – исток и ако се знае со каков кадар располагаат, опстанокот на Тиквеш со овој играчки кадар не би требало да биде доведен во прашање. Останува да се види колку управата ке успее да го анимира бизнис секторот и дали освен ЛС ке се најде уште некој помагател. Да споменеме дека во овој подготвителен период новата управа ке мора заедно со градските структури да го организира и меморијалот Вуко Каров некаде на средината на следниот месец.

М.В

 

 

Додади коментар