Нова премиера на кавадаречкиот театар
18-09-2018 КУЛТУРА

 

Театарот при домот на културата „Иван Мазов Климе“ Кавадарци во четврток со почеток од 19.30 часот ќе има премиера на претставата „Ромео и Јулија“ од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Микица Илова.

 

Претставата е наменета пред се за младата публика и е во продукција на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. Првата реприза е веќе во понеделник, на 24 септември 2018.

 

Ова е втора премиера на кавадаречкиот Театар оваа година. Моментално на репертоарот е и хит претставата “Пасивно пушење“ од авторот Небојша Ромчевиќ, во режија на Јордан Витанов, а 2018 година кавадаречките актери ќе ја заокружат со уште две премиери и тоа една за возрасни и една за деца.

 

Што е огромен успех и со голема гледаност за еден Театар кој по дефиниција го носи предзнакот аматерски, но кој со професионално однесување влегува во секоја подготвена претстава.

Додади коментар