Машко е првото родено бебе во 2020 година во Кавадарци
01-01-2020 РЕГИОН

Машко бебе со тежина од 3800 грама на свет синоќа 15 минути по полноќ донесе Благица од Кавадарци. Калин е прво бебе во семејството на Благица и Бојан Стојеви. И мајката и бебето се во одлична состојба.

 

Традиционален подарок на мајката и бебето денеска им предаде градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

 

„Прв ден од новата година. За убав повод сме во општа болница. Да им честитам на семејството за рожбата“ рече Јанчев.

 

Директорот на кавадаречката болница д-р Диме Коцев исто така ја честиташе првата рожба на семејствот Стојеви од Кавадарци.

 

„Денеска во нашата болна 15 минути по полноќ е породено здраво машко бебе со царски рез. На семејсто им ја честита првата рожба. На мајката и посакувам побрзо закрепнување. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот и советот за одличната соработка која ја имавме. Исто така сакам да се заблагодарам и на докторите од ГАК од Скопје кои се овде повеќе од 2 години кои со своето залагање и стручна екпертиза овозможија поквалитетна здравствена заштита на жените од нашиот регион. Од името на вработените во болницата им ги честитам празниците на сите граѓани“ рече д-р Коцев.

 

Тој информира дека новогодишната ноќ поминала без посериозни инциденти. Лекарска помош побарале хронично болни лица кои биле згрижени.

 

„Породувањто помина одлично . Новороденчето е тешко 38000 гр. Долго е 53 см. Породувањето е со  царски рез. Мајката и детето се во одлична состојба. Им ги честитам празници на сите граѓани“  рече во изјавата за медиумите д-р Сашо Јовчевски, гинеколог-акушер од ГАК од Скопје.

 

Тој информира дека на гинеколошкото одделение се направени неколку промени, сооглед на тоа дека одделот го покриваат лекари од ГАК од Скопје. Има зголемен број на операции. Минатата година биле извршени 145 хируршки интервенции и 341 породување. Најголем дел од бебињата биле машки.

Градоначалникот Јанчев ги посети и децата кои се хоспитализирани на детското одделение и им подари новогодишни пакетчиња.

 

Ангел Данов



Додади коментар