Мамограф доби и кавадаречката болница
09-09-2016 РЕГИОН

И во општа болница Кавадарци по 20 септември ќе се врши рано дијагностицирање на рак на дојка. Министерството за здравство за кавадаречката болница набави најсовремен дигирален мамограф, кој веќе е инсталиран и ќе се започне со давање на овој вид медицинска услуга.

 

Денеска болницата ја посети министерот за здравство, Никола Тодоров кој информира дека апаратот чини над 7,5 милиони денари и истиот е еден од насовремените апарати кои ги има здравствениот систем во земајва.

 

„ Со ова Кавадарци за прв пат ќе довие мамограф, досега немаше воопшто ваква опрема во општата болница. Со ставањето во функција на овој апарат ќе се овозможи на околу 30 тина илјади жени,  кои живеат во овој регион,  да добијат ваква здравствена услуга  Мамографијата е многу важна здравствена услуга заради превенција и рано откривање на рак на дојка кај женската популација, кое е најчесто малигно заболување кај жените. Задоволен сум што оваа услуга ќе се дава и во кавадаречката болница и што нема да се патува во другите градови како што беше претходно во Неготино, Велес па и Скопје, што е финансиско оптеретување и губење на време, а времето во ова ситуација може да биде сериозно значаен фактор,  затоа што при рано откривање многу поголем се шансите да се излечи оваа болест, отколку доколку тоа се констатира во многу поодмината фаза“ рече Тодоров.

 

Кавадарчанки и жените од регионот мамографот ќе можат да го користат по 21 септември, кога за добивање на овој вид здравствена услуга ќе се закажува на „Мој термин“.

 

„Се договоривме со манаџментот на болницата  после 21 септември овој апарт да се стави во мој термин, односно мамографијата да заживее и во Кавадарци, потоа ќе се направат напори да се започне и со скрининот односно со превенција за рана детекција на ова малигно заболување. Во понеделник ќе биде тука присутен стручен тим кој што ќе прави обука на ренген техничарот за техничко користење на овој апарат. Тој е обучен за мамографија, но сега ќе се обучува конктретно за работа со овој апарат кој е еден од најсовремените апарати кои ги имаме во државата. Апаратот е комплетно дигитален со многу мало зрачење со можност за помош при детекција при промените кои се јавуваат со цел да не може ништо да се промаши и на тој начин да се добие повисок квалитет на здравствената услуга“ рече Тодоров.

 

Министерот нагласи дека државата прави напори да го зајакне здравствениот систем во внатрешноста на земјата, поради то се инвестира во секој град и во секоја болница.

 

„Нашата идеа е што е можно повеќе да го зајакнуваме здравството во внатрешноста затоа што на тој начин граѓаните ќе добиваат услуга што е можно поблиску до нивното место на живеење, ќе има што помалку препраќања во Скопје и на тој начин севкупно ќе се зголеми квалитетот на здравството и на здравствениот систем, во државата. Затоа одиме со инвестиции во секој град, во секој болница во државата, некогаш го набавуваме она што воопшто го немало. Досега околу 30 - тина здравствени работници од Кавадарци беа на едукација надвор од земјава што овозможува подигање на нивото на знаење“ рече министерот за здравство.

 

И директорот на општа болница Кавадарци, д-р Орце Ангеловски искажа задоволство од тоа што и кавадаречката болница ќе ја нуди мамографијата како значајна медицинска услуга.

 

Aнгел Данов

Додади коментар