Локализиран е големиот пожар во Кавадарци
01-07-2015 РЕГИОН

Две куќи и еден помошен објект на улицата „Питу Гули“ во Кавадарци денеска околу 13.15 часот настрадаа во пожар. Според неофицијалните информации најверојатно причина за пожарот е удар на гром во една од куќите, а веднаш потоа пламените јазици ја зафатиле и соседната куќа и помошниот објект. Густ чад над Кавадарци се издигаше скоро еден час.

Овој голем пожар  се случи во мошне густо населен дел од Кавадарци. За среќа нема настрадани во пожарот. Во локализирањето и гаснењето на пожарот учествуваа противпожарните единици од Кавадарци,Неготино и Фени индустри.

Околу 13 часот Кавадарци беше зафатено од големо невреме проследено со пороен дожд и силни грмотевици.  Веднаш по веста за големиот пожар во Кавадарци, градоначаникот Александар Панов ги прекинал службените активности во Скопје и ги посети настраданите опожарените куќи и настраданите семејства. Од службата за односи со јавноста при локалната самоуправа бевме информирани дека тој ќе предложи на првата наредна седница советот да одобри финансиски средства за помош на настраданите семејсва. Градоначалникот Панов жали за оваа голема трагедија која се случи денеска во Кавадарци.

Ангел Данов

Додади коментар