Лозарите најавуваат блокада на судот во Велес
26-12-2016 РЕГИОН

Лозарите во среда ќе го блокираат Основен суд Велес. Ваква најава денеска стигна од регионалниот сојуз „Агротиквешија“. Како што најави претседателот Љупчо Аризанов, се одлучиле на ваков чекор, бидејќи за во среда било закажано рочиште за отворање стечајна постапка за винарската визба „Повардарие“.

 

Аризанов е дециден, со блокада ќе се обидат за момент да го одложат стечајот бидејќи лозарите имаат побарување од неготинската визба над 5 милиони евра за предадено грозје.

 

„Имаме информација дека по барање на Царинската управа е закажано рочиште на кое треба да се отвори стечај  за „Повардарие“. Тоа не е во ред бидејќи визбата годинава откупи 31 милион килограми грозје и со долгот од минатата година им должи на лозарите над 5 милиони евра. Затоа се одлучивме во среда да го блокираме судот во Велес“ рече Аризанов.

 

Тој информира  и дека не сите визби останале на договорот, дел од грозјето да исплатат до нова година.

 

А.Д



Додади коментар