Ликовен перформанс на уметник oд Турција во Кавадарци
25-08-2018 КУЛТУРА

Синоќа во Паркот на револуцијата во Кавадарци се одржа голем Ликовен перформанс на еден од најпознатите ликовни уметници од Турција - Орхан Чебраилоглу. Љубителите на ликовната уметност имаа можност да уживаат во вистински ликовен спектакл на големиот ликовен перформер.

 

 

Перформансот е во склоп на Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци Михајлово 2018“ во организација на Дом на култура Ё“Иван Мазов - Климе“ Кавадарци

 

Во самиот перформанс зедоа учество младите танчерки од студиото „Венус“ и моторџиите на „Тиквеш-Рајдерс“. Своето ликовно дело   уметникот од Турција го наслови „Мојата рефлексија од Македонија“ покажувајќи неверојатна енергија и силна експреција во брзите потези и необични ритуали во создавањето на ликовното дело.

Додади коментар