Кривична пријава за кавадаречанец поради обљуба на немоќно лице и малолетник

 

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Д.Н. (52) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “обљуба врз немоќно лице“ и “полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.

 

Во периодот од 2016 година до јуни 2018 година во село во Кавадарци пријавениот злоупотребувајќи го заостанатиот душевен развој на оштетената и нејзиниот син, во повеќе наврати извршил обљуба и други полови дејствија над истите.

 

Исто така, во наведениот период, пријавениот извршил обљуба и други полови дејствија и над малолетната ќерка на  оштетенатa - информираат од МВР.

Додади коментар