Крводарителска акција во Еуроникел - собрани се 50 единици крв
27-05-2020 РЕГИОН

Вработените во кавадаречкиот комбинат „Еуроникел“ денеска повторно ја покажаа својата хуманост и се вклучија во крводарителската акција организирана од ОО Црвен Крст Кавадарци.  Собрани се 50 единици крв.

 

Вакви крводарителски акции се организираат два пати годишно од страна на Црвен Крст, кои се секогаш масовно поддржани од Еуроникел.

 

„Самата фабрика има повеќе децениска традиција со учество во ваквите акции и уверени сме дека ова е значаен придонес кон здравјето на оние на кои имаат потреба“ велат од Еуроникел и ги охрабруваат своите вработени да даруваат крв, бидејќи им се овозможуваат сите бенефиции за да бидат стимулирани за учество во вакви акции.

 

„ Имаме многу примери на наши вработени, кои се редовни крводарители и вон редовните крводарителски акции. Имаме вработени кои досега крв дарувале по 20, 30, 50, па дури и 60 пати за што добиле и соодветни признанија од Црвен Крст. Учеството на нашите вработени во ваквите акции е рефлекција на генералната политика на компанијата да ги поддржува сите активности кои придонесуваат кон добросостојбата на заедницата.– додаваат од фабриката.

 

А.Д

 



Додади коментар