Кражби од товарни возила, украдено и „Југо“
				 09-10-2018   ЦРНА ХРОНИКА
				
Ноќта на 07/08.10.2018 година од страна на непознат сторител на улица „Методи Џунов – Џикот“ во Кавадарци извршени се кражби од две товарни возила и три патнички возила и украден е патнички автомобил марка „Југо“ со кавадаречки регистарски ознаки, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
По преземени мерки и активности од страна на униформираните полициски службеници од ПС ОН Кавадарци во раните утрински часови е пронајден со украдените предмети сторителот на овие дела.
Лицето Б.О.(34) од Кавадарци е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторените кривични дела.
 
				




 
										 
										 
										 
										 
										 
										 
										 
										 
										 
										


 
				 
			    


Додади коментар