Комеморативна седница во ЈЗУ Општа болница Кавадарци за прим д-р Атанас Трајков
25-12-2014 РЕГИОН

Со едно минутно молчење денеска лекарите и останатиот медицински персонал од ЈЗУ Општа болница Кавадарци му одадоа последна почит на  својот колега прим д-р Атанас Трајков кој на 23 декември почина во 65 година од животот. На комеморативната седница присутни беа сопругата, ќерката и братот на д-р Трајков. Колегите со насолзени очи им изразија сочувство за прерано загубениот сопруг, татко и брат.

За животот и делото на д-р Трајков говореше неговата колешка трансфузиолог д-р Татјана Неткова.

„Тука сме сега за него, да му оддадеме последна почит, да го кажеме пред него последниот збор. А зборови ќе има-за неговите дела, успеси за неговата хуманост. На некој му им беше се. Неутешни се срцата  на најблиските и преголема е нивната болка. Им посакуваме сила да го издржат најтешкото, затоа што никогаш не била лесна помислата дека го нема најублискиот. Дури и докторите, ситре ние кои го носиме белиот мантил понекогаш сме немоќни да ја добиеме битката со болеста. Дојдени сме на овој свет, не со наша волја, така и ќе си одиме. Зад нас остануваат делата, она што сме го направиле, она што сме го постигнале, какви ќе не паметат иднинте генерации. Д-р Атанас останува со нас за навек, неговиот дух ќе живее со нас. Покрај професионалната активност, беше и оспруг, посветен татко на своите деца со кои посебно се гордеење. ИСто така беше добар пријател на многумина од нас, добар колега“ рече д-р Неткова.

Прим д-р Атанас Трајков е роден на 29.01.1950 година во село Конопиште, општина Кавадарци. Основно и средно образование завршил во Кавадарци, а медицински факултет во Скопје. Првото вработување го има од 15 мај 1974  година. Тогаш работи како приправник, а потоа како лекар во општа амбуланта. До јули 1983 е на специјализација по трансфузиологија на Медицинскиот факултет во Скопје. По враќањето работи како специјалист по трансфузиологија и шеф на одделението за трансфузиологија. Д-р Трајков е основач на одделот за трансфузиологија во кавадаречката болница и се до неговата смрт на 23 декември годинава работи како специалист трансфузиолог и раководител на службата за трансфузиона медицина. ВО повеќе наврати бил наименуван и за помошник директор на поранешен „Медицински центар Кавадарци“.

А.Д



Додади коментар