Караванот на слободата стигна во Кавадарци
18-08-2016 РЕГИОН

Порака за слободна Македонија и поголемо учество на граѓаните во одлучувањето  ќе биде упатена до кавадарчани со утрешниот голем мултимедијален хепенинг „Караван на слободата“ што го организира Центарот за слобода “Цивил“, а е подржан од УСАИД.

 

На градскиот плоштад ќе се одржат повеќе настани, поетски перформанси, уметничка работилница и изложба на отворено, јавна дебата за состојбите во земјава и проблемите на граѓаните, а хепенингот ќе финишира со голем концерт на бендовите Бени и Нон стоп, Шутка Рома Рап, ПМГ колектив и Смоук Шејкерс од Кавадарци.

При денешната посета на општините во регионот,  тимовите на ЦИВИЛ  ги запознаваа граѓаните со програмата на Караванот на слободата, но и со содржини кои се однесуваат на човековите права и слободи.

 

Денеска на прес конференција организаторот го најави утрешниот настан. Синиша Станквоиќ, уредник на „Цивил медиа“, што е дел од НВО Цивил-  центар за слобода нагласи дека Караванот на слободата е тримесечен фестивал, кој ќе ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тој е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

 

„Планирано е да се  посетат  триесетина градови, општини, населени места низ Македонија. Круна на сите настани ќе бидат шест големи концерти во поголеми градови низ Македонија и седмиот тридневен мултимедијален настан  во Скопје. Она што го одбележува овој проект е тоа што покрај концертите, сите наши настани ќе бидат исполнети  со богатство  настани. Почнавме со мултимедијалниот настан во Велес и Струмица. На сите овие настани се обидуваме да ја исполниме главната цел на проектот, тоа е да ја искористиме големата моќ на културата, на уметноста и со учество на актери, поети, музичари, со учество на уметници од сите бранши да ја искористиме моќта на културата и уметноста за зајакнување на граѓанската свест,   на свеста на сите граѓани за нивната моќ и влијанието врз  донесувањето на одлуки пред се на локално ниво но и на централно ниво. На сите настани учествуваат уменици од целата држава„ рече Станковиќ.

 

Од „Цивил“ се надеваат дека со овој караван на слободата ќе се успее да се разбуди граѓанската свест во Македонија.

„ За време на завршниот концерт во Скопје ќе се организираат ликовни работилница, изложби на уметнички дела, видео проекции, разговори со граѓаните, дебати со полемичари од локално ниво и полемичари кои ќе доаѓаат со караванот и ќе разговараат на политички теми. Главната тема е Македонија, со или без слобода. На ликовните работилници и изложба главна тема е боите на слободата“ информира Станковиќ и најави одржување на големи концерти после Кавадарци и во Куманово, Штип и Тетово.

 

Караванот на слободата има и хумана димензија. Сите кавадарчани кои ќе бидат на градскиот плоштад и ќе ги следат случувањата можат да донираат за настраданите во поплавите во скопско.

„ На сите инфо штандови кои овие два дена ќе бидат поставени во Кавадарци, Битола, Прилеп и во околните помали општини,  ќе има поставено кутии за донации каде граѓаните ќе можат да донираат парични средства, конзервирана храна или средства за хигиена. Во Струмица собравме доста голема помош која е предадена на семејствата кои се најзагрозени“ рече на прес конференцијата Маја Ивановска од „Цивил“.

 

 

Билјана Јордановска која е дел од Центарот за слобода „Цивил“ информираше за настаните кои ќе се случат утре на плоштадот во Кавадарци.

 „  Започнуваме во 18.30 со  дебата на тема „Македонија со или без слобода“. Еден од дебатерите ќе биде и Ненад Јовановиќ, граѓански активист  од Кавадарци. Паралелно ќе има изложба, уметничка работилница кој ќе ја води академскиот сликар Мирослав Стојановиќ- Шуки. Во 20 часот ќе започне големиот концерт со Бени и „Нон стоп“, ПМГ колектив, Смок шејкерс - Кавадарци.  Ќ е имаме и стихови на слободата, а за слободата ќе говорат Милан Секуловски, Марин Бабиќ, Оливера Тоцевска, Цветанка Колева и Билјана Јордановска. Бидете слобдони кавадарчани и кавадарчанки, дојдете да се дружиме и да ги пренесеме пораките за слобода“ рече Јордановска.

 

Во сите соседни општини ќе се организира бесплатен превоз за главниот мултимедијален настан кој ќе се одржи утревечер во Кавадарци.

 

Aнгел Данов



Додади коментар