Камион се преврте кај селото Фариш - тројца повредени

Три лица се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа што денес се случила на патот Росоман - Прилеп. Според информациите од полицијата, камион излетал од патот најверојатно поради влажниот коловоз во близина на селото Фариш.

 

Двајца од повредените со возило на итна медицинска помош се пренесени во кавадаречката болница каде им е укажана лекарска помош, додека еден од повредените е транспортиран во болницата во Прилеп.

 

А.Д

фото: Архива КТВ

Додади коментар