Кавадарци почна да одбројува до дочекот на новата година
24-12-2014 РЕГИОН

Во Кавадарци од денеска започна да се реализира програмата за одбележување на новогодишните и божиќните празници што на седницата во ноември ја усвои советот на општината. Од денеска на градскиот плоштад започнаа настапите на учениците  од основните училишта во општината од прво до петто одделение . За нив локалната самоуправа обезбеди новогодишни пакетчиња кои им ги дели Дедо Мраз.

Исто така солгасно програмата за одбележување на новогодишните и божиќните празници ќе има организиран дочек на новата година.

Сите оние кои ќе бидат плоштадот да ја испратат старата 2014 и да ја дочекаат новата 2015 година ќе имаат можност со песна и оро да ги минат последните од старата и првите часови од новаста година. За музиката и расположението ќе се погрижат кавадаречката фолк група Тиквешки Мерак и гостите од збратимената општина Бољевац, блех оркестарот, победник на годинашниот „Драгачевски Сабор“ на светски познатиот натпревар „Прва труба на Драгачево“ во Гуча Република Србија.

 И за дочекот на новата 2015 година е планиран спектакуларен огномет . Општината Кавадарци Градоначалникот Советот и Домот на Културата „Иван Мазов-Климе“ за сите што вечерта  ќе бидат на плоштадот обезбедија сендвичи, вино и сок кои бесплатно ќе се делат на присутните граѓани, на четири штандови.

Ангел Данов



Додади коментар