И понатаму не се носат заштитни маски - Казнети 14 лица во Кавадарци, 21 во Неготино и 61 во Велес
19-06-2020 РЕГИОН

Во период18/19.06.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 96 лица, и тоа, 61 во Велес, 14 во Кавадарци и 21 во Неготино.

 

Во овој период има 20 новорегистрирани лица со Решениe за изолација, и тоа, 13 во Велес и седум во Кавадарци, а со Изјава за самоизолација има 20 нови лица, 15 во Велес и пет во Кавадарци. Вкупно со Решение во изолација има 110 лица, од кои 71 во Велес, девет во Кавадарци и 30 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 93 лица, од нив 57 се во Велес, 22 во Кавадарци и 14 во Неготино.

 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.

 

 



Додади коментар