И најмладите се подготвуваат за Велигден
17-04-2014 РЕГИОН

Kaко што налага традицијата, уште во утринските часови и најмладите од детската градинка „Рада Поцева“ во Кавадарци го започнаа бојадисувањето на велигденски јајца. Радоста на детските лица се насетуваше од далеку. Беа пресреќни што како и нивните мајки и баби можат да подготват велигденски јајца. Сите дечиња задачата ја сватија како сериозна  и ја  завршија одговорно. Секое детенце се радуваше на своето подготвено велигденско јајце. Црвената боја, која ја симболизира Исусовата крв, децата најмногу ја користеа.

 

Во детската градинка во Кавадарци се почитува секој христијански празник, а најмладите уште од најрана возраст се учат на традиционалните вредности и обичаи, велат воспитувачките.

„Започнавме со празнување на божиќните празници, потоа ја славевме Василица, еве сега и Велигден. Целта ни е на децата уште од најрана возраст да им ги пренесиме обичаите кои се негуваат за овие христијански празници“, рече директорката на градинката , Снежана Ганчева.

 

И таа дојде во објектот „Снежана“ во Ваташа да ја погледне изложбата на рачни изработки од децата,нивните родители и вработените во градинката.

 

Прекрасно средено велиденско катче со многу декорации. Кошнички за јајца, убаво декорирани велигденски јајца и креации кои го симболизираат Велигден. Она што беше посебно оригинално и што веднаш го привлекува вниманието,  е велигденското табло наречено „велигденска кошничка“. Внатре во форма на јајце поставени слики од децата кои ги згрижува објектот „Снежана“, а веднаш под него можеа да се видат многу велигденски декорации.

А.Д



Додади коментар