И денеска протестираа средношколците во Кавадарци
19-03-2015 РЕГИОН

Новиот концепт за државна матура и денеска беше поводот  средношколците од Кавадарци да излезат на протестен марш. На ваков начин го искажуваат своето несогласување со тоа математиката да биде задолжителен предмет за државна матура.

 

Маршот тргна од  гимназијата „Добри Даскалов“, учениците поминаа низ центарот на Кавадарци, а завршија пред општинската зграда. Таму побара прием од градоначалникот Александар Панов, за како што рекоа уште еднаш да се информираат што е со нивните барања. Средба со градоначалникот не остварија бидејќи тој бил службено отсутен.

 

„Како и минатиот пат, така и овојпат нашите барања се исти. Не го менуваме нашиот став дека сме против задолжителното полагање математика на матура, сме против двојното полагање предмети и остануваме на барањето оценките од екстерното да не влијаат на упехот. Ние кога се запишавме во прва година се водевме по претходно утврдениот концепт за полагање на државната матура, во кој математиката беше  изборен предмет. Со лошите  реформи се поставува пречка на патот до нашиот успех “ рекоа учениците кои денеска протестираа.

 Ангел Данов

 

Додади коментар