Интернационален камп за деца во Неготино
23-07-2013 РЕГИОН

Денес во Неготино па во наредните два дена по втор пат Сојузот на НВО Вавилон од Неготино е домаќин на Интернационалниот камп за деца и млади. Интернационалните тимови TWI  for children овие два дена ќе имаат можност да работат со лица на возраст од 18 до 30 години и при тоа да се стекнат со доредени вештини во комуникација,подобро снаоѓање во работа,подобрување во делот на вештините во јавниот настап како и теми за мотивација и подобро снаоѓање во животни ситуации.

-„Ова е една мисионерска работа на Балканот се со цел да помогнат на младите луѓе и нивните постапки во иднина. Развиваат две програми од кои едната е за млади лица а другата е за деца на помали возрасти и нивната мисија продолжува и оваа год ен само во Македонија туку во Србија,Босна и херцеговина и Косово“,истакна Лолита Ристова од Вавилон Неготино.

Боби Хаусер претседател на  организацијата TVI  for children рече дека во своите активности имаат работа со студентите,а претходно биле во  Босна и Херцеговина каде две недели работеле со деца во Дом за сираци од ромска националност и Србија.

-„Нашите работилници се однесуваат за млади лидери,односно како да потполнат студентите правилна апликација за работа во странство. Исто така ќе стане збор за тоа како да се стане лидер и покажување  на нивните способности. Најмногу сакаме да обратиме внимание кои се карактеристиките за една добра професија а некои од темите се  стресот и како да се направат контакти. Исто така важен е мотивот кога барате работа која ви е  потребна. Во Македонија има странски компании каде може да се  работи и ние ќе се обидеме да покажеме како да се почитуваат различните култури,нема да навлегуваме во религијата и политиката но сепак важно е тоа да се почитува“,истакна Хаусер.

Оваа година слоганот на работилницата е  „Расположението е се “што значи најважно е кога ќе се разбудите какво ќе биде вашето расположение кое и ќе влијае и преку целиот ден,посочија предавачите на денешната работилница.

Билјана Наумова-Тошевски



Додади коментар