Интернатот во Кавадарци без струја, од МОН очекуваат денеска проблемот да биде надминат
04-09-2018 РЕГИОН

 

 

Интернатот во Кавадарци е без струја, од МОН очекуваат денеска проблемот да биде надминат. -Министерството за образование и наука е во интензивна комуникација со ЕВН по однос на прашањето поврзано со дистрибуцијата на електрична енергија во државниот ученички дом “Крсте Петков Мисирков” во Кавадарци.

 

Согласно разговорите, очекуваме во текот на денешниот ден, проблемот да биде надминат, стои во одговорот на нашето прашање на поврзано со проблемот со немањето струја во интернатот, во кој се сместени средношколци од разни делови на државата.

 

С.Д



Додади коментар