Изградбата на новиот мост во Ваташа почнува кон крајот на јуни - се најавува интензивна комунална изградба
08-06-2018 РЕГИОН
 
Општина Кавадарци продолжува со зголемен интензитет во комуналната изграда во месец јуни. 
За овој месец Ви најавуваме започнување на неколку проекти кои се од големо значење за Општина Кавадарци. 
Во понеделник започнува реконструкција на Западен булевар и негово проширување. Овој проект е во вредност од еден милион евра, освен Општина Кавадарци како финасиер се јавува и Агенција за патишта. Проектот се очекува да заврши на крај од месец ноември, информираат од прес службата на општина Кавадарци.
 
 
Кон крајот на месец јуни, започнува изградба на нов мост во с.Ваташа. Се работи за последниот ваташки мост кој ќе добие целосно нов изглед. Новиот мост во целост ќе го промени текот на сообраќајот и безбедноста на граѓаните. Овој проект е во вредност од 25 милиони денари и истиот се очекува да заврши до октомври месец. 
 
Во август месец ќе започне доградбата на кејот на реката Луда Мара во с.Ваташа со должина од 800 метри и со вкупна вредност од 20 милиони денари.
 
 
Спортската сала Партизан исто така ќе се реконструира. На оваа локација активностите ќе започнат во месец јули и се очекува да завршат до месец ноември. За овој зафат Општина Кавадарци од својот буџет ќе одвои 6 милони денари.
 
 
Спортскиот Центар Јасмин, веќе одамна почна да се средува и сакаме да создадеме една целосна слика за тоа како треба да изгледа еден спортски комплекс. На самиот почеток на месец јули ќе почне да се поставува трим патека и оваа активност се очекува да се заврши до 15 јули. Поставувањето на трим патеката изнесува 4 милиони денари. Во склоп на оваа активност исто така и комплетно ќе се оградува целиот спортски центар. За оградувањето од буџетот на Општина Кавадарци ќе се издвојат 3 милиони денари. 
 
Просториите на Против Пожарната Единица на Општина Кавадарци веќе добија нов лик и на тој објект се извршија поголеми интервенции. Следен чекор за целосно современ изглед на овој простор е доградбата на 5 современи гаража кои ќе ги исполнуваат сите услови за чување на возилата на противпожарната единица. Овој проект изнесува 6 милиони денари ќе започне во јули месец а се очекува да заврши во месец октомври.


Share

Додади коментар