Изгоре дел од куќа во Кавадарци поради неквалитетен продолжен кабел

 

Попладнево изгоре дел од куќа во Кавадарци, информираа од ТПЕ Кавадарци. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите било спречено ширење на огнот во цела куќа.

 

„Интервениравме со две возила и тројца пожарникари, а помош добивме и од едно возило и 2 пожарникари на „Кожувчанка“. Пожарот беше на тешко пристапен терен“ рече командирот на ТПЕ Кавадарци, Илчо Богевски.

 

Според првичните информации пожарот избувнал поради неквалитетен продолжен кабел. Од противпожарната единица апелираат до граѓаните да внимаваат на квалитетот на продолжните кабли посебно кога се вклучуваат електрични апарати со поголема потрошувачка на струја, како грејните тела.

Додади коментар