Зголемен интерес за подигање на нови лозови насади во тиквешко
14-12-2015 РЕГИОН

Тиквешијата продолжува да биде срцето на лозарството во Македонија бидејќи 75 % од вкупните површини од околу 30 000 хектари со лозов насад се наоѓаат во тиквешкиот регион.

 

Во Aгенцијата за потикнување на развојот на  земјоделството во Кавадарци се регистрира  голем интерес за подигање  на нови лозови насади  од страна на земјоделците кои ја користат можноста што им се нуди преку Програмата за рурален развој  50% варќање на инвестициите кои ќе ги вложат во новите лозови и овопни насади вели раководителот на агенцијата Драганчо Николов. 

 

Од винските сорти земјоделците намногу се интересираат да подигнат лозја со сортите смедеревка, вранец и темјаника додека од трпезните сорти   најдоходовни смедаат лозарите дека се сортите Викторија и Мишел Палиери . како и досега за да можат да го оставарат правото на субвенција 50% од инвестицијата лозарите треба да набават цертифициран посадочен материјал од познат производител и  да направат анализа на почвата од својот посед  со цел да се утврди дали  почвата одговара за таа земјоделска култура.

 

Според  Николов од овошните насади земјоделците од општините Кавадарци и Росоман најмногу се интересираат за подигање нови насади со бадем, орев, лешник и кајсија. За сите подетални информации земјоделците можат да се обратат до  Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството секој работен ден.  

 

Мирјана Муакетова

Додади коментар