За традицијата на Курбан Бајрам во Кавадарци
31-07-2020 РЕГИОН

Курбанот кој се принесува во Кавадарци кај Муслиманите се одбира во зависност од финансиската моќ на тој што сака да ја принесе. Одбележаниот Курбан се мести со главата на исток, а нозете на запад. Се врзуваат трите нозе додека задната десна нога се остава неврзана за да може да мрда ,,Курбанот,, онака како што мрдал и Исмаил кога почнал Аврам-Ибрахим да го принесува како жртва пред бога својот син. Сето со своја симболика за зачетокот на верувањето кај луѓето кај сите религии.

 

Традиција исто така е домаќинот на семејството да принесе Курбан во зависност колку машки деца има. За да се принесе на секое машко чедо му се „тргне„ сето искушение во животот во период од една година односно до другиот Курбан.

 

По колењето на Курбанот месото се дели кај луѓето кои не может да принесат жртва за овој празник,потоа роднини и пријатели на оној кој коли Курбан и на крај оставаат месо во домаќинството од кој се спрема голем ручек за цела фамилија. Светото месо дел од Курбанот се симболизираат ангелите кои преку месото дават благослов во семејствата. Ручекот е дел од традицијата на муслиманите за овој празник кој завршува со поставување на благо на трпезата.

 

Традицијата кај муслиманите за време на празникот Курбан Бајрам налага да се оди и во посета на починатите на гробиштата. Со симболика од делови од Куранот во посета на починатите се оди на гробишта еден ден пред празникот или ,,сигурен ден Арифе,, кога мајката на Исмаил плаче на гробиштата и ги повикува починатите од семејството. Агара мајката на Исмаил ги моле починатите дека утре е тој ден Арифе кога треба да го пречекаат нејзиното чедо од принесувањето жртва.

 

Со осознавањето на традицијата и обичаите кај муслиманите од Кавадарци од празнувањата кај нив дознаваме многу различности и секако сличности на обичаите поврзани со духовната култура на различните етнички групи на овој простор.

 

Ова е само едно видување за традицијата на муслиманите од Кавадарци и запознавање на обичаите кои се дел од Куранот и неговото практицирање во животот.

 

Различностите и дел од обичаите во овој случај сигурно ќе побудат внимание во опкружувањето каде ќе придонесат за поголемо запознавање едни со други.

 

Томе Крстевски -кустос Етнолог

Музеј Галерија Кавадарци

фото: архива



Додади коментар