За време на карневалот протестира навивачите „Лозари“
31-08-2015 РЕГИОН

Додека се одвиваше карневалската процесија од терасите на хотел „Балкан“ протестираа навивачите „Лозари“. Тие извикуваа „Сакаме спорт“. Одлучиле да го искажат своето незадоволство што општината не превземала соодветни активности да го одземе стадионот од концесионерот и што не давала придонес во развој на спортот.

 

„Протестираме за подобар спорт и за стадионот во Кавадарци. Незадоволството е натрупано од минатите години. Сметаме дека спортските објекти во Кавадарци се застанати некаде во средината на деведесеттите години. Катастрофална е состојбата со градскиот стадион, кој беше под концесија, можеби и се уште е. Немаме видено документ дали е одземен. Кога најавивме дека ќе одиме на протест фудбалската екипа на Тиквеш беше преместена на градскиот стадион со ветување дека е одземена концесијата, но не веруваме додека не погледнеме документ и конкретна акција за обновување на градскиот стадион, да се врати во состојба каква што заслужуваат Кавадарци и Тиквеш“, рекоа од навивачката група.

 

На последната седница на советот на општина Кавадарци градоначалникот Александар Панов рече дека стадионот бил вратен на општината и одземен од концесионерот.

А.Д

Додади коментар