Започнува летното сметање на времето

Во последниот викенд месецов, ноќта во 2 часот меѓу 30 и 31-ти март почнува летното сметање на времето.

 

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

 

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

 

Европските земји сега се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика од следната година.

Додади коментар