Започна „буџетскиот форум“ во Кавадарци
13-11-2014 РЕГИОН

Со цел поголемо учество на граѓаните во креирањето на буџетот за следната година и развој на отчетно владеење на локалната самоуправа синоќа започна првата форумска сесија од програмата „Форуми во заедницата“ во општина Кавадарци. Граѓаните се тие кои за прв пат имаат можност на директен начин да ги кажат своите размислувања и приоритети за тоа како треба да се распределат парите од општинската каса со цел да се подобрат условите за живот во заедницата.

 

„Општина Кавадарци започнува со спроведување на проект „буџетски форум“ подржан  од Швајцарската агенција за меѓународна соработка, а самата општина со нивна помош и со ангажирање на надворешни лица ќе го спроведе проектот. Во овие два месеца ќе се одржат пет форумски сесии на кои граѓаните ќе бидат директно влучени во процесот на подоготвка,  предлагаена предлози  за понатамошна реализација од буџетот за 2015 на општината.   Најбитното во овој цел процес е што граѓаните ќе бидат запознати со самиот процес на буџетирање кој што не се одвива само сега,  туку трае цела година. Ќе се запознаеме до која фаза  е дојдена општина Кавадарци  со подоготвка на буџетот за следата година. Ќе даваат граѓаните предлози и за стратегискиот пристап и развојните цели, ќе  предлагаат нови начини  за зголемување на приходите на општината и како овој буџет да успешно да се реализира.“ рече модераторот на форумот во заедницата, Елизабета Ѓорѓиевска.

Учесниците на форумот првенствено настапуваат како граѓани, а потоа како претставници на институциите од кои доаѓаат. Одлуките на форумот се носат со консензус.

 

„Буџетот за 2014 година беше димензиониран на 650.000.000 денари. Согласно порастот на трошоците за животот и на коефициентите на индустриското производство,  предвидено е оваа година да има зголемување на буџетот за 2015 од околу 3 отсто.  Веќе податоците од институциите кои се финансираат од буџетот, стигнуваат  до локланата самоуправа. Тие ги доставуваат нивните потреби.“ рече раководителот на секторот за финансии при локалната самоуправа Кавадарци, Цанка Јовановска.

 

Таа нагласи дека овој проект ќе  помогне и граѓаните да го дадат своето мислење и својот  придонес  во проектирањето на буџетот. Исто така ќе  се ценат приоритетите при изработката на  годишната програма за комунална изградба.

Работната маса за клултура на првата форумска сесија предложи да се ф ормира  на здружение кое ќе ги врати старите занаети и етно храна од тиквешијата, уредување на помошните простории во Домот на културата, активирање на жените од руралните средини и нивно социјализирање во општествениот јавен живот.

Предлозите на работната маса за образование се да се реконструира покривот во  средното стручно училиште “ Ќиро Спанџов Брко“ Кавадарци, да се подобрат просторните услови во ООУ „Страшо Пинџур“, односно да се доградат училници како би се создале можности за прием на нови генерации на ученици за идната учебна година. Исто така беше предложено да се асфалтира и среди училишниот двор. Како приоритет во ОУ „Гоце Делчев“ е назначена промената на покривот. Дооформување на  образовниот систем во одредени училишта, и подобрување на условите за изведување на настава со изградба на спортски сали  е исто така предлог на претставниците од образование.

 Ангел Данов

Додади коментар