Започна процесот на дератизација во Кавадарци
20-03-2015 РЕГИОН

Започна спроведувањето на постапката за дератизација во град Кавадарци. Денеска согласно програмата започна поставувањето на мамки во шахтите на градската каналозациона мрежа.

 

Фирмата „Лиса комерц“ која го доби тендерот за оваа работа во наредните денови ќе постави специјални мамки во ситре шахти од фекалната и атмосферската канализација со кои ќе започне годинешното уништување на глодарите во канализацијата.

Спроведувањето на акцијата на терен ја набљудуваа и стручни служби од општината со надлежниот комунален инспектор - информираат од Службата за односи со јавноста при Локалната самоуправа.

Постапката на дератизација е редовен процес во овој период од годината, а овојпат има и дополнителна важност, чија е цел уништување на поголем број штетни глодатри кои се причинители и преносители на опасното заразно заболување туларемија.

Додади коментар