Започна обновување на булеварот „Никола Минчев“
13-09-2019 РЕГИОН

Општината Кавадарци продолжува со реализација на капиталниот проект за обновување на коловозите на главните градски улици. Оперативата на ангажираната фирма започна со вадење на старите и дотраени рабници на дел од булеварот „Никола Минчев“.

 

Според проектот освен замената на рабниците предвидено е делумно гребење на стариот и дотарен асфалт, по што ќе уследи финалниот дел за поставување на нова асфалтна подлога со дебелина од 5 сантиметри.

 

Општина Кавадарци продолжува со реализација на овој значаен проект со кој по скоро пет децении централните и најстари улици кои се „крвотокот“ на градските и регионални комуникации ќе се ревитализираат и ќе бидат многу побезбедни за одвивање на сообраќајот.

 

 

Финсниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти,  МСИП.

Додади коментар