Започна новата учебна година
03-09-2018 РЕГИОН

 

Започна новата учебна година. На свечен начин, со богата културно уметничка програма, беа примени првачињата во основните училишта во неколкуте општини од Тиквешијата. Наша екипа ги посети основните училишта „Страшо Пинџур„, „Тошо Велков Пепето„ и „Тоде Хаџи Тефов„ и го регистрираше приемот на најмладите во светот на образованието.

 

Во Основното општинско училиште „Страшо Пинџур„, беше и Ристо Сакалиев, претседателот на Советот на општина Кавадарци, а   се најубаво на учениците и нивните родители, како и на наставниците, им посака в.д. директорката Илинка Бакева.

 

 

Добредојде во светот на бројките, буквите и светот на училишната магија, на првоодделенците во Основното општинско училиште „Тошо Велков Пепето„, им посака директорот Блаже Велков.

 

 

За тоа како помина првиот училишен ден во училиштето „Тоде Хаџи Тефов„, во изјава за КТВ говори директорот Никола Нешковски.

С.Д

 

 

 

Додади коментар