Загина пешак во сообраќајка во Демир Капија

 

Утринава  околу 06.00 часот во Демир Капија на ул.„Партизански одреди“ пред куќен број 84 случена е сообраќајна незгода, при што, патнички автомобил марка „Опел астра“ со неготински регистарски ознаки управуван од М.Н.(47) удрил пешак Б.Т.(72) од Велес, кој се движел на коловозот во ист правец како и автомобилот. Од добиените повреди пешакот починал на местото на настанот, кое е констатирано од страна на екипата за Итна медицинска помош од Неготино.

                                                Во присаство на јавен обвинител од ОЈО Кавадарци увид изврши екипа од ПС ОН Неготино, информираат од МВР.

 

 

Додади коментар