Заврши уште едно издание на Тиквешки гроздобер
11-09-2017 РЕГИОН

 

Стопанско туристичката и културна манифестација која се одржува во чест на грозјето и виното како белег на најголемиот лозаровинарски регион во земјава финишираше синоќа со настапот на Дипеш мод – трибјут.

 

 

Централен настан и годинава беше карневалот. Продефилираа групни карневалски поставки од основните училишта во општината, џаламарите од селото Сопот и гости од Струмичкиот карневал. Кавадарчани поделени околу квалитетот на годинашниот тиквешки карневал. За едни, го имавме годинава најлошото издание на централниот настан од Тиквешки гроздобер, а за други пак според очекувањата поминала карневалската процесија.

 

 

 

Градскиот плоштад го исполни Северина. Таа беше ѕвезда на вечерта. Кавадарчан но и многуte гости од страна се забавуваа со хитовите на оваа мега ѕвезда од Хрватска. Северина пред својот настап изјави дека за прв пат е во Кавадарци, но секогаш кога доаѓала во Македонија се чувствувала како дома.

И годинава Тиквешкиот гроздобер беше во организација на агенцијата „Темов“ од Скопје. Општината и плати четири милиони денари за реализација на програмата која претходно беше усвоена од кавадаречкиот совет.


А.Д

 

Додади коментар