Жител на Марена каснат од куче скитник, запален камион кај Дебриште

 

Дваесет и пет годишниот Ѓ.Ј од селото Марена пријавил во полиција дека на автобуската постојка во селото бил каснат во пределот на десната нога од куче скитник, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

Во текот на вчерашниот ден во 14.50 часот во кавадаречката полиција е пријавено дека товарно моторно возило марка „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.А (51) од Скопје,  на магистралниот пат А1, во близина на Дебришка постојка, се самозапалило во движење.

 

 

По интервенција на ППЕ Кавадарци пожарот е целосно угаснат. Поради тоа патниот сообраќај беше во целосен прекин во времето од 14.55 до 15.35 часот.

 

Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци.

 

Додади коментар