Со цел поголема конкуренција на тендерите и совладување на електронското аплицирање за јавни набавки, денеска во големата сала на општина Кавадарци се одржа обука за микропретпријатијата од Кавадарци. Се работи за подолготраен проект на УСАИД кој се реализира од 2012 година. На имплементација на овој проект работат Центарот за граѓанска комуникација од Скопје, како лидер организација и Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес и „ЕХО“ од Штип.
Електронските обуки за јавни набавки се започнати пред четири години, најпрво за микропретпријатијата од општините во Вардарскиот и источниот регион во земјава,за да потоа со подршка на УСАИД обуките се спроведуваат во сите општини.
„ Се формирани два регионални центри, едниот во Велес, другиот во Штип и им се нуди секојдневна подршка, асистенција на микорпетријатијата вклучени во нашиот проект на тема јавни набавки, почнувајќи од пишување на тендерската документација, подоготовка на документите, електронската аукција, целосно, во сите фази од јавните набавки. Денеска организираме обука за е набавки. Со измените на законот за јавни набавки, од годинава договорните органи имаат обврска 30% од вкупните спроведени набавки, во една календарска година да бидат целосно електронски. Тој број ќе се зголеми во 2017 и ќе стане 50%, а во 2018 година, според законот имаат обврска договорните органи да спорведуваат целосно електронски набавки. Ние увидовме, но тоа го увидоа и општините дека фирмите не се целосно подготвени за овие постаки, бидејќи досега сите постапки беа во хартиена форма и на крај завршуваа само со електронска аукција. Сега во моментов целата постапка се спроведува по електронски пат, од закажувањето на тендерот се до поднесувањето на понудата од фирмите“ рече Славица Ќучукова Николова од „Фокус“.
Таа нагласи дека за електорнските набавки фирмите треба да набават дигитални сертификати, со кои треба да се потпишуваат нивните електронски понуди на тенедерите.
Aнгел Данов

Додади коментар