Дрекслмајер го поддржува спортот - Нова спортска опрема за три фудбалски тимови од регинот
08-06-2018 СПОРТ

 

Дрекслмаjер како познат партнер на регионот го поддржува спортот и особено младите луѓе. Овој пат во фокусот беа ставени три фудбалски тимови од различни места: Градскиот фудбалски клуб Тиквеш – „ГФК Тиквеш“ од Кавадарци, „ФК Габер“ Ваташа и детскиот фудбалски клуб „Young boys“ од Неготино добија нова спортска опрема.  


 
Дрекслмаjер ја препозна амбицијата и силната желба за успех на младите фудбалери на „ГФК Тиквеш“ и го поддржа тимот со комплетна спортска опрема. „Во следната сезона ќе го дадеме најдоброто од себе да постигнеме добар резултат. Драго ми  е што Дрексeлмаер како како една од најголемите компании го поддржа нашиот клуб“, рече Миле Масларков, претседател на клубот.


 
И „ФК Габер“ од Ваташа е тим на млади и амбициозни момчиња кои добија нова спортска опрема од Дрекслмајер: професионални дресови, тренерки и копачки. „Благодарение на Дрекселмаер имаме можност да тренираме и играме фудбал во нова професионална опрема. Дел од фудбалерите се и вработени во компанијата и токму затоа сме горди што Дрекслмајер е нашиот главен поддржувач“, истакна Киро Толев, тренер на клубот.  


 
Исто така триесет и три дечиња на возраст од шест и седум години кои тренираат фудбал како вистински професионалци добија спортска опрема. Малите фудбалерчиња од клубот „Young boys“ од  Неготино тренираат минимум двапати неделно и учествуваат на многу фудбалски турнири низ земјата. „Спортот и рекреацијата се многу важни за децата. Тие се многу вредни и со радост доаѓаат на тренинзите, што особено ме прави горд. Нивната најголема желба беше да добијат тренерки во боите на нивниот омилен фудбалски клуб. Компанијата Дрекслмајер им ја исполни оваа желба, а нивните радосни лица говорат сѐ.“ – Александар Павлов, тренер и претседател на клубот.   


 
 
Дрекслмајер останува партнер на регионот Спорт, образование, култура и социјални проекти – компанијата Дрекслмајер останува доследна на својата цел да го поддржува регионот и да биде негов лојален партнер. „Драго ми е што имаме многубројни акции за поддршка и што успеваме да ги подобриме условите во кои функционираат и се активни  дел од институциите, клубовите, здруженијата. И во иднина преку реализација на разновидни проекти  Дрекслмајер ќе остане лојален партнер на овој регион“, Лукас Мирингер генерален директор на Дрекслмајер, Македонија.- стои во соопштението од Дрекслмаер.

Додади коментар