Дрекслмаер реализира акција за пошумување - Засадени 600 садници
04-12-2018 РЕГИОН

 

Во акцијата за пошумување организирана од Дрекслмајер, беа засадени над шест илјади садници во близина на Кавадарци.

 

Во склоп на компанискиот проект за заштита на животната средина и одржливост, Дрекслмајер во соработка со ЈП Македонски шуми, подружница Кавадарци како и Општина Кавадарци организира акција за пошумување. Потребниот алат и механизацијата е донација од Дрекслмајер со поддршка на вработените во компанијата кои волонтерски минатиот викенд земаа учество во пошумувањето.

 

„Заштитата на животната средина е инвестиција во иднината. Целта е да насадиме што повеќе дрвца сега, за да ги видиме резултатите по неколку години. Дрвата не ги садиме само за себе туку и за идните генерации“, рече Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

 

И десетина средношколци, кои се дел од дуалниот образовен модел на Дрекслмајер, доброволно се приклучија на тимот на Дрекслмајер и вредно засадуваа дрва поделени во неколку тимови.  

 

 

Акцијата не би била до крај успешна без стручната поддршка и координација од страна на екипата од кавадеречката подружница на ЈП Македонски шуми: „Ја предложивме локацијата над Ваташкиот рид затоа што земјиштето на овој терен е доста ерозивно. Со посадување на багремови садници ќе ја спречиме понатамошната ерозија и ќе го заштитиме ова подрачје“, истакна Петко Ристовски, раководител на Подружницата за заштита на шумите.

 

„Ја поздравувам иницијативата за организирање на активности од овој тип. Убаво е чувството кога на крајот од денот знаете дека со својот ангажман сте придонеле за општото добро, но и за иднината на нашите деца“, вели Петко Јанкулов, вработен во Дрекслмајер.  

 

Заштита на животната средина, вложување во општествената заедница и волонтеризмот се дел од општествено одговорните стратегии на компанијата Дрекслмајер, кои ќе продолжат и во иднина - стои во соопштението од компанијата.

Додади коментар