Дрекслмаер ги вработи првите ученици кои беа дел од дуалното образование
06-06-2019 РЕГИОН

Во германската фабрика „Дрекслмаер“ денеска беа потппишани првите седум договори за вработување со ученици од СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ кои беа дел од дуалното образование, кое за прв пат се спроведуваше во ова училиште. Вкупно 16 ученици посетувале практична настава во специјално опремена училница во германската компанија во Кавадарци.

 

Од раководството на Дреклмаер овие млади луѓе добија ветување дека и во иднина ќе се инвестира во нивните кариери и професионално усовршување.

 

Во изминатите неколку години DRÄXLMAIER Group во многубројни земји ширум светот спроведува дуално образование според германски модел и стандард. Во моментот компанијата обучува околу 1000 ученици на 28 локации. Инвестирањето во образованието обезбедува сигурна иднина и перспектива за младите луѓе велат од компанијата.

 

А.Д

 

Додади коментар