Донација за семејството Иванови од Неготино
02-11-2017 РЕГИОН

 

Семејството Иванови од Неготино денеска доби донација за своите две деца со церебрална парализа. Електрична кран дигалка ќе им го олесни секојдневниот живот на родителите при огледувањето на нивните деца.  

 

„Ова ќе значи олеснување на обврските на нивните родители, ние одлучивме заеднички да најдеме можност како да им го олесниме секојдневието. Затоа го купивме овој кран-дигалка и во неготвата набавка се вклучија повеќе фактори. Лицето кое доби лото во Неготино донираше поголема сума, неколку граѓански иницијативи од Неготино и неколку хуманитарни луѓе исто така донираа. И „Медикус Хелп  како фирма што ги увезува овие апарати, се вклучи со донација при набавката на оваа справа, рече Симон Андов, посредник меѓу сите донатори.

 

  Тој изрази благодарност на сите кои се вклучија во оваа хумана работа. Изрази надеж дека овој кран ќе им го олесни живеењето како на родителите, така и на нивните деца Драгица и Стефан.

A.Д

Додади коментар