Дождот добредојден за земјоделските култури
18-06-2015 РЕГИОН

Влажниот бран со кој од вчера попладне е зафатена земјава донесе и врнежи од дожд кои според агро стручњаците се добредојдени за земјоделските култури. Според податоците од УХМР во Кавадарци во изминативе 24 часа наврнаа 7 л/м2 воден талог.

„Дождот е добредојден за сите земјоделски култури на отворено. Потрегна е влага во почвата бидејќи кај потешките почви веќе беше потребно наводнување, бидејќи подолг период немавме врнежи од дожд. Во поедини насади со потешка почва имаше и пукање на почвата“ вели проф д-р Ристо Вучков.

Според прогнозата на метеоролозите променливо облачно со услови за слаби врнежи од дожд ќе има и во деновите од викендот, но сепак водниот талог нема да биде доволен да ја задоволи потребната влага во почвата.

А.Д



Додади коментар