Дождот го наполни кејот во Неготино
04-08-2015 РЕГИОН

Обилните дождови кои зафатија повеќе региони во земјата, не ја одминаа и општина Неготино. Имено, обилните дождови кои вчера во попладневните часови ја зафатија општината, предизвикаа зголемување на нивото на Тимјаничка река и поплавување на патеката за пешачење на градскиот кеј, а поплавен беше и дел од главната улица Маршал Тито.

Интензитетот на врнежите особено беше изразен во попладневните часови, додека во вечерните часови беше умерен.

 

 Инаку, специфичната местоположба на централното градско подрачје каде што се слева водата од сите високи зони во градот, како и количините вода кои доаѓаат од Тимјаничка река е основната причина зошто нивото на водата во кејот е толку високо. Според првичните информации како резултат од обилните врнежи не се регистрирани никакви штети.

M.A

Додади коментар