Добра и стабилна состојбата со безбедноста и сообраќајот во Кавадарци
17-07-2013 РЕГИОН

Добра и стабилна била состојбата од безбедносен и сообраќаен аспект во второто полугодие од минатата година на територијата на општина Кавадарци, информира кавадаречката полиција. Советот на општина Кавадарци на последната седница ја гледаше и усвои информацијата во која се опишува дејстувањето на полицијата.

Статистички, споредено со истиот период од претходната година се забележува намалување на криминалитетот за 11%, за 19% намалување на прекршоците од јавниот ред и мир  и 6% се случиле помалку сообраќајни незгоди.

„На подрачјето на општина Кавадарци немаше организирани облици на кривични дела и прекршоци, туку истите беа инцидентни и неорганизирани и не се од загрижувачки карактер и не дојде до нарушѓување на јавниот ред и мир во поголем обем. Во текот на извештајниот период, полициската станица при извршување на своите задачи во сите области делуваше како на превентивен, така и на репресивен план„ стои во извештајот.

Во второто полугодие од минатат година биле случени 101 сообраќајна незгода. Во 57 имало само мала материјална штета, во 42 незгоди 98 лица се здобиле со телесни повреди и во 2 сообраќајни незгоди случени на регионалниот пат Кавадарци-Мотел Дреново и локалниот пат Кавадарци-с.Ресава животот го загубиле две лица. НЕзгодите се случиле во најголем број на случаи поради не држење на страна и правец, управување под дејство на алкохол и не давање на првенство на минување.

Во областа на криминалитетот, лани, во вториот дел од годината во полициската статистика се евидентирани 196 кривични дела од областа на класичниот криминалитет, од кои 127 кривични дела биле извршени од непознати сторители. Во извештајниот период најмногу кривични дела биле извршени од областа на имотните деликти и тоа 82 тешки кражби,22 кражби и 9 кривични дела кражба на моторно возило.

Во областа на недозволената трговија со дрога и оружје биле откриени 6 кривични дела , а пријави биле поднесени против седум сторители, а како предмет на откриените кривични дела беше наркотичната дрога марихуана.

Ангел Данов



Додади коментар