Детали за вчерашната сообраќајна незгода на патот Кавадарци - Неготино

 

Како што вчера информиравме, во 16.50 часот на регионалниот пат Кавадарци - Неготино, поточно на влез во селото Марена се случи сообраќајна незгода помеѓу автомобил марка „Мерцедес“ и трактор марка „ИМТ“ без регистарски броеви.

 

Од СВР Велес информираат дека „Мерцедесот“ бил управуван од шеесет годишниот М.К од селото Марена, а тракторот го управал шеесет годишниот  Б.В од Кавадарци.

 

  „Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот Д.А.(53) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобиле возачот на тракторот и сопатникот А.Д.(69) од Кавадарци и возачот на патничкиот автомобил, кои по укажаната медицинска помош се задржани на понатамошно лекување во ЈЗУ Општа болница - Кавадарци“ рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

 Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци.

 

А.Д

Додади коментар