Ден на жалост во Кавадарци
13-11-2014 РЕГИОН

На градските гробишта во Кавадарци денеска беа погребани Билјана Илија и Снежана Леови кои беа убиени од нивниот поранешен зет Тони Станоев. Општината денот на нивниот погреб го прогласи за ден на жалост.  Пред зградата на општината знамињата се на половина копје. Во угостителските објекти се слуша само класична музика.

 

Граѓаните палеа свеќи пред домот на културата,  во знак на последна почит кон убиените . Траорна беше и денеска атмосферата во Кавадарци.  

 

Од Билјана денеска се простија и нејзините колеги од кавадаречкиот суд каде таа работеше, а работи и нејзината ќерка Данче, поранешна сопруга на убиецот. На комеморативната седница со солзи колегите проговорија за добрината која ја красела нивната колешка Билјана.

А.Д

Додади коментар