Две лица повредени во превртен „Мерцедес“ кај Марена

 

Синоќа околу 21 часот на регионалниот пат Кавадарци -Неготино кај кафеаната „Три багрема“ во сообраќајна незгода повредени се две лица.

 

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека се превртел патнички автомобил марка „мерцедес Е-190“ со битолски регистарски ознаки.

 

„Возилото го управувал Е.Б (40) од селото Марена, а со повреди се здобиле возачот и четиринаесет годишен сопатник“ рече Додевски.

 

Поради сообраќајната незгода синоќа до 22.30 часот сообраќајот на овој патен правец беше во прекин.

А.Д

Додади коментар