Двајца основци и еден средношколец во Кавадарци позитивни на Ковид 19
03-09-2021 РЕГИОН

На самиот старт од новата учебна година се бележат и првите позитивни случаи на ковид 19 во училиштата. Во Кавадарци, според информациите од Центарот за јавно здравје,  еден ученик од основно училиште е позитивен на вирусот, а во изолација се 21 ученик од друго училиште, со кои позитивниот бил  во контакт на забава.

 

Денеска бил најавен уште еден позитивен ученик од основно училиште во Кавадарци, но до затворањето на оваа информација епидемиолошките служби работеа на овој случај.

 

Позитивен ученик има и во средно училиште во Кавадарци  и поради тоа цел клас ќе биде ставен во изолација – информираа од ЦЈЗ.

 

Според податоците на Министерството за образование и наука, добиени  од раководствата на училиштата вчера, меѓу учениците во државата, само 0,01 % се активни случаи на Ковид-19. Ист е процентот и кај наставниот кадар. Од МОН апелираат на целосно почитување на мерките за заштита.

 

Во четвртиот бран во Кавадарци се дијагностицирани 344 позитивни случаи. Едно лице кое не било вакцинирано ја загубило битката со вирусот. Во моментов активни се 231 случај. Од почетокот на пандемијата во Кавадарци се направени 6714 тестирања.

 

A.Д

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар