ГСОЛ/Еуроникел го достави ревидираниот план за реорганизација на ФЕНИ Индустри и ја очекува конечната потврда
31-10-2018 РЕГИОН

 

 

Планот за реорганизација на ФЕНИ Индустри е дополнет според барањата на судот и е доставен на повторно разгледување. Планот, исто така, доби позитивни препораки од одборот на доверители на ФЕНИ АД во стечај и од стечајниот управник. Сето тоа е направено според законските барања и во најкус временски период со цел што побрзо и административно да се заврши стечајната постапка и да започне процесот на инвестирање во зголемување на производството и обезбедување на иднината на ФЕНИ - се нагласува во соопштението од компанијата.

 

Со ова уште еднаш се потврдуваат намерите на ГСОЛ/Еуроникел за спас на ФЕНИ преку зголемување на производните капацитети и отворање нови пазарни можности на глобално ниво. ГСОЛ/ Еуроникел е единствениот инвеститор којшто предложи успешно спасување на ФЕНИ преку реорганизација.

 

Задоволни сме од двете позитивни мислења што ги добивме, од одборот на доверители и од стечајниот управник во врска со изменетиот план за реорганизација што го доставивме до судот во Велес. Нема простор за непотребно трошење време за да се комплетира процесот кон обезбедување иднина на фабриката и нејзините вработени. Ги преземаме сите неопходни чекори од наша страна, така што собранието на доверители повторно ќе гласа за планот за реорганизација.Спасот на ФЕНИ го насочуваме кон извесна иднина исполнета со проширување на производството, зголемување на платите на вработените, отворање нови вработувања и работа на ФЕНИ на сите светски пазари за фероникел. Сето тоа го правиме потпирајќи се на големото искуство што го имаме во ова индустрија, почитувањето на највисоките меѓународни стандарди, како принципи на работа и предуслови во сите инвестициски зафати. Ги следевме сите потенцирани насоки во текот на стечајната постапка. Извесно е дека ФЕНИ не смее веќе да губи време на нерешен статус, факт е дека 800 вработени чекаат на трајно вработување и добивање на ветените плати, како и 200 компании од регионот со кои ФЕНИ работи, а сето тоа ќе почне да се исполнува оној момент кога планот ќе биде прифатен и ќе може да започне инвестицискиот процес“, изјави Маркос Камхис, директор на ГСОЛ.

 

Планот беше прифатен од страна на Одборот на доверители уште во месец јуни, последователно усвоен од Собранието на доверители. Беше вратен за прилично технички корекции, и сега повторно е доставен до судот, по што се чека конечната судска одлука. Според доверителите ова е позитивен план кој ветува резултати.

 

Планот понуди квалитетно решение и сигурен пат за ФЕНИ, затоа го дадовме нашето одобрување. Веруваме дека и надлежните органи како и судските власти ќе ги препознаат придобивките што ги носи спроведувањето на овој план пред сѐ за самата фабрика, за вработените, целиот кавадаречки регион и за доверителите. Исто така, земено предвид големината и потенцијалите на ФЕНИ, не треба да се занемари влијанието што ФЕНИ го има во економските показатели на државата, во создавањето на БДП и извозната стапка“, велат од Одборот на доверители - стои во соопштението.

 

 

 

 

Додади коментар