Граѓаните кои претрпеле штети од невремето на 23 мај можат да ги пријават во општината
25-05-2017 РЕГИОН

 

Општина Кавадарци упатува повик до граѓаните кои претрпеа штети од невремето  што го зафати Кавадарци во вторникот на 23 мај. 2017 година.

 

Се повикуваат граѓаните на кои  невремето проследено со обилен пороен дожд, интензивни електрични празнења и силен ветер им има нанесено штета, истата да ја пријават во Општината.

 

Пријавите се поднесуваат во канцеларијата на Граѓанско информативниот центар.

 

По приемот на барањата Општинската комисија за проценка на штети од невреме ќе излезе на самото место да ја утврди евентуално настанатата штета, по што ќе следи  законска постапка за  општинска помош.

 

Барањата за проценка на штета од невремето се примаат секој работен ден во периодот од 8:30ч. до 16:30 часот во Канцеларијата на Граѓанско информативвиот центар, кој се наоѓа во приземјето во зградата на Општината - се вели во соопштението од прес службата на локална самоуправа Кавадарци.

Додади коментар