Градоначалникот Јанчев на средба со учениците-спортисти од ООУ „Страшо Пинџур“
27-12-2017 РЕГИОН

Градоначалникот на Општина Кавадарци м-р Митко Јанчев денеска имаше средба со претставници на учениците спортисти и нивниот предметен наставник по физичко воспитување од Општинското основно училиште „Страшо Пинџур“.

 

 

На средбата која се одпжа во кабинетот на директорот на училиштето, тие на градоначалникот Јанчев му ја претставија статуетката за Најдобар училишен спортски колектив во Република Македонија.

 

Оваа награда тие синоќа ја примија на свеченоста во рамките на манифестацијата Спортист на Македонија 2017 ,во организација на Агенцијата за млади и спорт при Владата на Р. Македонија.

 

 

 

Честитајќи им на ова значајно признание градоначалникот Јанчев им вети дека ќе се заложи училиштето конечно да ја добие посакуваната Спотрска сала, а ги запозна и со неговите планови за активна поддрпшка на масовниот училишен спорт како основа за регрутирање на идни врвни спортисти во Кавадарци и Македонија.

 

Градоначалникот им посака и понатамошни успеси во нивната работа и идна спортска кариера.

Додади коментар