Во четврток ќе заседава советот на Кавадарци
27-08-2013 РЕГИОН

Заврши летниот одмор и за советниците во кавадаречкиот совет. Веќе во четврток се враќаат на обврските и ќе ја одржат редовната петта седница. Имаат богат дневен ред за работа од 19 точки. На почетокот на седницата советот треба да се изјасни околу одлуката за доделување на највисокото општинско признание, наградата „7ми септември“. Десетина точки се однесуваат на детални урбанистички планови за повеќе урбани блокови.

Ќе се дебатира и разгледуваат измените на програмата за развој на општината за  2013, работењето на ЈП „Јасмин“ во првото тромесечје. На крај на седницата ќе се разрешуваат  и именуваат членови на Управниот одбор на ЈП Комуналец. за



Додади коментар