Во февруари годинава полицијата бележи помал број сообраќајни незгоди во кавадаречко
15-03-2023 РЕГИОН

На подрачјето на ОВР Кавадарци во февруари годинава  се регистрирани 4 сообраќајни незгоди. Споредбено со февруари во минатата година, кога нивниот број изнесувал дури 16, се бележи  намалување за 75% - покажуваат податоците што ги добивме од СВР Велес.

 

Минатата 2022 година во месец февруари имало и 1 жртва од сообраќајна несреќа, додека истиот месец во 2023 година не се регистрирани жртви. Намалување се бележи и кај податокот во однос на сообраќајните несреќи кои завршиле со телесни повреди и тој број во месец февруари 2023 изнесува 1, додека во 2022 бил 4, што претставува намалување од 75%. 

 

Кај сообраќајните незгоди со материјална штета исто така се бележи намалување од 72% ако се споредат податоците од февруари лани,  кога имало  11, со  месец февруари годинава кога се бележат 3.

 

А.Д

 

 

 



Share

Додади коментар