Во тешка сообраќајка утринава загина 20 годишно момче од Возарци

Дваесет годишно  момче  од кавадаречкото село Возарци утринава го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа, потврдија од МВР.

 

Несреќата се случила околу 4 часот утринава на регионалниот пат Дреново- Кавадарци.

 

Патничко моторно возило со кавадаречки ознаки излетало од патот, а од добиените повреди на лице место починал возачот.

 

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од полициска станица Кавадарци.

 

А.Д

Додади коментар